Клима
Претпладне сончево, попладне со дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово и Охрид 18, Прилеп 19, Кавадарци и Крива Паланка 21, Берово 17, Дојран 22.
И утре претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 19, Маврово 12, Охрод 17, Прилеп 18, Кавадарци 19, Крива Паланка 18, Берово и Дојран 20 степени.