Свет
Пресечен подводен електричен кабел меѓу Финска и Естонија – нов инцидент во Балтичкото Море

Пресечен е подводен електричен кабел меѓу Финска и Естонија. Финскиот премиер Петери Орпо рече дека властите во Хелсинки го истражуваат дефектот кој не влијаел на снабдувањето со струја.
„Непланираниот испад на интерконекторот Естлинк 2 се случи во 11:26 часот, што го намали расположливиот капацитет на 358 мегавати од предвидениот капацитет од 1.016 мегавати“, соопшти операторот „Фингрид“.
Сомнежите брзо паднаа на кинескиот брод „Ји Пенг 3“ кој, според податоци на сајтовите за следење на бродски движења, бил над каблите кога биле пресечени. Шведска во поделеник го одби барањето на обвинител за спроведување на истрага на бродот кој во меѓувреме го напушти подрачјето. Европски официјални лица соопштија оти се сомневаат дека повеќе инциденти во кои доаѓало до саботажи се поврзани со руската инвазија во Украина. Од Кремљ ги отфрлија таквите тврдења како „апсурдни“ и „смешни“.
Британските медиуми наведуваат дека ова е последен во низата инциденти поврзани со кабли, гасоводи и нафтоводи во Балтичкото Море.
Од финската електромрежа „Фингрид“ потсетуваат дека два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море, кои ги поврзуваа Шведска и Данска, беа пресечени минатиот месец. На 17 ноември беше оштетен подводниоит кабел „Арелион“ кој го поврзува шведскиот остров Готланд со Литванија. Наредниот ден, јужно од шведскиот остров Оланд, беше пресечен и кабелот „Ц-Лион 1“ кој се протегаше од Хелсинки го германскиот пристаништен град Рошток.