Македонија
Пренасочен сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
АМСМ апелира возачите да се придржуваат кон препораките за движење.

Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна на граничниот премин Блаце, сообраќајот на магистрален пат од Скопје кон преминот се пренасочува, информира Авто мото сојузот.
Оттаму апелираат возачите да се придржуваат кон препораките за движење.