Свет
Прекрасни и неправедно запоставени се најевтините градови во Европа
Не ви се потребни многу пари за да отпатувате некаде, може да посетите некој од најевтините градови во Европа.

Париз и Виена се многу популарни во последно време, но и многу скапи. Меѓутоа, постојат други поевтини европски градови кои вреди да ги посетите, а се можеби запоставени поради популарните туристички дестинации.
Краков
Овој град има богата историја и култура, но е потценет во однос на другите дестинации.
Главиот плоштад со векови наназад е центар на градот, а една од најпознатите атракции е црквата на Света Марија, како и замокот Вавел кој бил дом на некогашните полски кралеви и кралици.

Освен тоа, Краков е познат и по ноќниот живот.
Варшава
Во претстолнината на Полска може да уживате во прекрасната храна, култура и ноќен живот, а доста е поевтин од другите популарни европски градови.
Стариот дел од градот во Варшава е прекрасен, а шетајќи се ќе уживате во архитектурата и средновековните згради.
Исто така, има многу паркови, а за оние коишто сакаат журки и авантури, овој град има и прекрасен ноќен живот.
Солун
Вториот град по големина во Грција, има што да ви понуди – од културни знаменитости, до шопинг.

Исто така, ноќниот живот особено ќе им се допадне на младите луѓе.
Софија
Главниот град на Бугарија во кој се присутни различни традиции, туристите можат да уживаат во прекрасната архитектура и гастрономски искуства.
Црквата на Света Недела, католичката црква на Свети Јозеф, синагогата се наоѓаат на Плоштадот на независноста.
Гдањск
Гдањск, градот кој излегува на брегот на Балтичкото Море, има прекрасна архитектура, а на туристите најинтересна им е црквата на Св. Марија, историскиот музеј и фонтаната на Нептун.
На листата исто така спаѓаат и Пловдив, Букурешт, Сараево, Киев и Рига.
