Свет
Пред 78 години беше употребена првата атомска бомба врз Хирошима
Јапонија денеска ја одбележа 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“. Во неделата во 8 часот и 15 минути заѕвони мировното ѕвоно, во исто време кога беше фрлена бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучувајќи ги и преживеаните, одржаа едноминутно молчење.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја изрази својата поддршка. „Светските лидери го посетија овој град, ги видоа неговите споменици, разговараа со неговите храбри преживеани, а потоа се охрабрија да се залагаат за нуклеарно разоружување. Повеќе од нив треба да го сторат тоа, бидејќи тапаните на нуклеарната војна повторно бијат“, рече тој.