Свет
Предупредување: новиот Супермен e бисексуалец!?
Новиот серијал за Супермен ја шокираше јавноста: Јунакот е со бисексуална ориентација! „DC Comics“ вчера објави дека новиот Супермен е бисексуалец и дека ќе започне врска со маж во претстојното издание на „Супермен: Синот на Кал-Ел“. Веста дојде по повод Националниот ден на откривање на сексуалноста
Предупредување до родителите кои треба да одлучат дали да им дозволат на своите деца да го читаат новиот стрип на Супермен бидејќи тој е претворен во лик со хомосексуални особини. Новата пропаганда ја смени улогата на суперхеројот од минатото!
Приказната за промена оди вака: Џон Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, кој ги наследи моќите на неговиот татко, ќе се заљуби во новинарот Џеј Накамуа, кого го запозна додека се обидуваше и не успеваше да посетува средно училиште користејќи таен идентитет, пишува „Њујорк Тајмс“. Откако Џон Кент ќе се измори „обидувајќи се да спаси секого што може“, Џеј е таму да се грижи за него, според соопштението од „DC Comics“. Двајцата се бакнуваат во петтото издание, кое ќе се објави на 9 ноември.
Се поголемото влијание на маргиналните лоби групи со големи буџети на располагање се обидуваат да потплатат се што можат во светот каде со пари може да се купат дури и супер херои како Супермен и истите да ги претворат во пропагандна машинерија за влијание кај незаштитените деца за остварување на нивните цели, зема се поголем замав во светот.
Затоа предупредувањата од стручните лица се движат во насока на големо внимание и заштита на децата од страна на нивните родители и контролирање на содржините кои може да ги следат.