Свет

„Предаторскиот став“ кон планетата Земја мора да престане

Папата Франциск денеска покрена иницијатива во која целта е католичките заедници, вклучувајќи ги семејствата, универзитетите и деловните активности, да ги направи еколошки одржливи, изјавувајќи притоа дека „предаторскиот став“ кон планетата Земја мора да престане.

Платформата „Лаудато Си“ е именувана по папината енциклика од 2015 година за заштита на животната средина, менувањето на расипничкиот начин на живот, запирањето на глобалното затоплување и заштитата на сиромашните од ефектите на климатските промени.

Папата во видео порака кажа дека иницијативата е „седумгодишно патување што ќе покаже како нашите заедници се посветени на различни начини да станат целосно одржливи, во духот на интегрираната екологија“. Во иницијативата ќе учествуваат целни групи, вклучувајќи семејства, парохии и епархии, училишта и универзитети, болници и други здравствени установи, компании, лаички католички организации и свештеници и монаси и монахињи.

Ватикан, најмалата земја во светот, речиси ја елиминираше пластиката за еднократна употреба, рециклира најмногу ѓубре и прави компост за своите градини.

Тагови

Поврзани вести