Живот
Прв случај на разболени животни од ковид-19: Вработен во зоолошка во Њујорк заразил тигар
Досега во светот се откриени изолирани случаи каде домашни миленици биле позитивни на тестирањето за коронавирус, но немаше докази дека животните можат да се разболат или да ја шират болеста
Тигар по име Надија од зоолошката градина во Њујорк е првиот откриен случај на заразено животно со ковид-19 во САД, пишува Би-Би-Си.
Како што соопштија од зоолошката градина „Бронкс“, резултатот на коронавирус го потврдила Националната ветеринарна лабораторија во Ајова.
Покрај Надија, уште шест тигри и лавови со кои бил „нулта“ тигарот во контакт, почнале да покажуваат симптоми на болеста.
Животните почнале да покажуваат симптоми, меѓу кои и сува кашлица кон крајот на март.
Се претпоставува дека животното е заразено од вработен во зоолошката градина Бронкс, кој е позитивен на ковида-19.
„Ова е првпат некој од нас да открие дека човек заразил животно и тоа се разболено“,
изјави Пол Кале за новинската агенција Ројтерс.
Досега во светот се откриени изолирани случаи каде домашни миленици биле позитивни на тестирањето за коронавирус, но немаше докази дека животните можат да се разболат или да ја шират болеста.