Забава
Прв електричен Rolls-Royce
Во историската објава, „Rolls-Royce Motor Cars“ вчера го објави својот прв целосно електричен автомобил наречен „Spectre“.
Извршниот директор Торстен Мулер-Отвос исто така потврди дека готовиот производ ќе се појави на пазарот во четвртиот квартал од 2023-та година.
Објавувајќи го овој клучен момент за брендот Мулер-Отвос, вели:
„Денес е најзначајниот ден во историјата на „Rolls-Royce“ од 4-ти мај 1904-та година. На тој датум, нашите основачи, Чарлс Ролс и Сер Хенри Ројс, се состанаа за прв пат и се согласија да го создадат „најдобриот автомобил во светот“.
Интересно е што, спротивно од најавите, „Rolls-Royce“ не ја користи основата на „BMW“, туку ќе ја користи својата алуминиумска платформа претставена во 2017-та година со 2Phantom“, која ја користат „Cullinan“ и „Ghost“. Исто така е големо изненадување што „Rolls-Royce“ не само што објави нов модел, туку покажа и камуфлиран прототип.
Обликот и пропорциите многу потсетуваат на „Wraith“ и се очекува да имаат две врати, ниска линија на покривот и долга предна обвивка. Се помислува дека најстариот модел во линијата, „Wraith“, ќе добие токму таква замена.