Македонија
Прв академски час на студентите на УКИМ

Првиот академски час на новата академска 2025/26 година на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е закажан за денеска во 10 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј. Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место.
Програмата ќе опфати: свечени обраќања, културно-уметнички настапи, информативна сесија на Универзитетското студентско собрание во соработка со „Студентарија“, можности за вмрежување, забавен дел.