Македонија

Прво „Соларно кино“ во Македонија

СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД, ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА И КИНОПРОЕКЦИЈА.Здружението Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Соларни кина“, поддржан од Француската амбасада во Скопје, на 22 ноември го организира првото соларно кино во Кинотека.

Овој настан своевидно го означува и почетокот на Европската недела за намалување на отпадот (EU Waste Reduction Week).

Здружението информира дека пред проекцијата ќе биде претставена еко-иновацијата – мобилна станица за селекција со соларни панели.

Мобилната станица нуди селекција на 8 типа отпад и тоа: пластика, хартија, стакло, текстил, батерии и лименки. Врз неа се поставени соларни панели кои ја создаваат струјата потребна за проекцијата на филмот. Проекцијата започнува во 12 часот.

Тагови

Поврзани вести