Македонија
Првиот штрк пристигна во Македонија
е вели дека штрковите кои секоја година се селат на потоплите краишта и повторно се враќаат дома, се предвесници на пролетта. Доколку можеме да им веруваме ним, треба да знаеме дека зимата е веќе зад нас и ќе не чекаат потопли пролетни денови.
„Пристигна првиот штрк пристигна во Македонија! Марјан Иванов ни соопшти дека на 21 февруари пристигнал во Богородица и си го зафатил гнездото. Пишувајте ни за штрковите кои ќе ги видите, по можност сликајте ги и гнездата кои ги користат“ – вака стои во објавата на Македонското еколошко друштво, каде се известува дека првиот штрк пристигна во Македонија.
И деновиве веќе можевме да уживаме во пријатните температури кои навистина наликуваат на пролет, а тоа веројатно е и причината за штрковите да почнат да се враќаат во нашата земја.
Бројот на овие птици преселници, како впрочем и во цела Европа, опаѓа и во Македонија. Сепак едно место во земјата ја носи титулата „Европско село на белиот штрк“. Се работи за Чешиново – Облешево. Карактеристично за Чешиново-Облешево е тоа што е општина со најголема густина на населеност на оваа бела птица во државата, со 123 активни парови на 100 квадратни километри, или повеќе од 2 штрка на км2.