Македонија

Првиот училиштен ден: Првачињата денеска за првпат седнаа во училишните клупи

Со насмевки, возбуда и по некоја трема, првачињата денеска го започнаа своето прво големо училишно поглавје. За најмладите ученици, 1 септември е денот кога за првпат седнуваат во училишните клупи, ги запознаваат своите учители и ги стекнуваат првите нови другарчиња.

Во училиштата беа организирани свечени приеми и пригодни програми за добредојде, со цел првиот училиштен ден да остане убав спомен за децата.

Пред нив е период исполнет со нови знаења, читање, пишување, учење, игра и дружење, но и со првите училишни обврски и предизвици.

Посебна улога во почетокот на школувањето имаат родителите и наставниците, кои ќе ги придружуваат децата во нивните први чекори низ образованието.

За првачињата, пак, денешниот ден означува почеток на едно сосема ново искуство – нови пријателства, нови откритија и спомени што многумина ги паметат цел живот.

Тагови

Поврзани вести