Забава

Првиот еколошки брод пристигна на пристаништата во Црна Гора

Првиот брод на водорот “Енерги обсервер” e некогашна тркачка регатна едрилица, која  денес е детално реконструирана и прва која успеала да го помине лимитот од препливани 500 наутички милји за 24 часа.

Бродот кој е позант по тоа што е првото експериментално еколошко пловило синоќа вплови на пристаништето во Котор,Бока Которска.

Бродот плови со брзина од 8-10 чворови а неговата намена е да тестира современи еколошки решенија и да промовира нови технологии наменети за заштита на природната животна средина.Енерги обсервер се напојува со струја од соларни панели со вкупна површина од 130 метри квадратни, а го движат и две посебни турбини на ветер.Пловилото има сопствено производство на декарбонизиран водород од морската вода со што го полни системот за горивни ќелии.Целиот систем е потполно автономен и не произведува никакви штетни гасови.Дизајниран е од француски тим, а ќе плови низ светот до 2022 година поминувајќи низ 101 пристаниште во повеќе од 50 земји низ светот.

Тагови

Поврзани вести