Свет
Првата израелска мисија на Месечината испрати селфи со порака „Мала земја, големи соништа“
Израелскиот вселенски брод Beresheet, кој лета кон Месечината, ја испрати првата фотографија на која се гледа знамето на Израел, дел од бродот и во позадината се гледа целата наша планета. Фотографијата е направена со селфи камера на 37.600 км далеку од Земјата.
На плочката поставена на леталото под знамето пишува „Am Israel Hai“ („Народот на Израел живее“) и „Мала земја, големи соништа“, а во позадина се гледа јужната Земјина хемисфера и Австралија.
Леталото беше лансирано пред две недели од Кејп Канаверал со ракетата Falcon 9 на Илон Маск. Ако мисијата биде успешна, Вeresheet ќе биде запаметен како првиот вселенски брод кој долетал на Месечината и првиот брод од Израел.
„Леталото веќе го надмина израелскиот рекорд во брзина и патува со 10,5 км во секунда“ изјавија од Воздушно-вселенската индустрија Израел. Beresheet не е поголем од машина за перење, а околу Земјата ќе кружи во се поголеми кругови додека не биде зафатен од Месечевата тежа и не влезе во Месечевата орбита. Слетувањето е планирано за 11 април.