Свет
По одлуката за суспензија владата во Атина им нуди втора шанса на невакцинираните здравствени работници
Владата во Атина откако дрско нареди суспензија сега им нуди втора шанса на невакцинираните здравствени работници односно да им дозволат на оние кои се веќе суспендирани да се вратат на работа, бидејќи стотици од нив протестираа против задолжителната вакцинација. Владата во Атина суспендираше од нивните работни места скоро 6.000 здравствени работници кои го пропуштија рокот 1 септември за да примат најмалку една доза вакцина против ковид-19.
Стотици работници во четвртокот излегоа на улиците во многу градови по втор пат за помалку од еден месец, во знак на протест против новото правило.