Македонија

По којзнае кој пат најавена реконструкција на Универзална сала во Скопје

До крајот на наредната година очекуваме внатрешноста да биде готова, а надворешноста на Универзална сала би требало целосно да биде завршена за два до три месеци, соопшти кандидатот и актуелен градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.

Се чини дека ова е десета изјава за старт на реконструкција на универзалната сала во Скопје во последните години. Иако во својот четиригодишен мандат градоначалникот не успеа да започне со реконструкција, иако беше ветено, сега бара уште еден мандат од граѓаните како би го реализирал ветувањето.

Инаку четири години Универзална сала стои како руина во сред Скопје, затворена, без воопшто да се користи.

Тагови

Поврзани вести