Македонија

По десети пат се најавува стартот на чистењето на отровниот линдан од „Охис“

Завршуваат подготвителните активности за отпочнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан во „Охис“. 700 тони токсичен отпад и 900 тони контаминирана почва ќе се чистат од идната недела, изјавија по десети пат претставници од владата.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини наведе дека било потребно повеќе време од планираното за поставување на шаторот и претходни дополнителни активности за да се започне со ископот, но оти сите дополнителни работи и одложувања биле со цел да се избегне какво било разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископува од малата депонија, да се заштити околината и населението кое гравитира во поширокиот реон на околината.

Со оваа изјава министерот потврди дека досега немало никакви активности за чистење на отровниот отпад освен поставување на шатор и со тоа ги откри лажните почетоци и чистења кои ни беа презентирани како информации во последните пет години. Како и за се останато никој не се најде повикан и никој не превзема одговорност за лажните информации и ветувања, а легитимен е сомнежот дека и овој пат може да е само сликање пред камери со никаква реализација.

 

Тагови

Поврзани вести