ВестиМакедонија
Почувствуван земјотрес во Македонија: Жителите се вознемирени
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес 12.11.2019 година во 15 часот и 27 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 125 km јужно од Скопје, во соседна Република Грција.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потсетување, на 8 ноември имаше регистриран земјотрес во Прилеп со Рихтерова магнитуда од 2.3
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес 8.11.2019 година во 04 часот и 39 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 65 km јужно од Скопје, во подрачјето на Прилеп.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.