Свет

Почна судењето за осум ирански екологисти обвинети за шпионажа

Осум ирански екологисти обвинети за шпионажа денеска се појавија во судот во Техеран, на рочиште затворена за јавноста, известуваат локалните медиуми. Мухамед Хосиен Агаси, адвокат на еден од обвинетите, беше цитиран како вели дека не бил присутен во судот, бидејќи државата назначила нејзини избрани адвокати да ги претставуваат обвинетите.

Четворица од обвинетите минатата година беа обвинети „за сеење корупција на Земјата“, обвинените за кое може да биде изречена смрттна казна во Иран.

Обвинителите тврдат дека активистите „барале близина до воени локалитети со покривање на еколошки проекти и добивање на воени информации од нив.“

Тројцата други активисти се обвинети за шпионажа, а поселдниот од нив е обвинет за „заговор против националната безбедност“, спорд медиумските извештаи.

„Хјуман рајтс воч“ во октомври обвинувањата против екологистите ги нарече „смешни.“

Тагови

Поврзани вести