Вести

Почна сезоната на лов на Фарските острови, морето поцрвене од крвта на китовите

Десетици китови се убиени во еден залив на Фарските острови, а фотографии од масакрот и црвената вода ја вознемириле јавноста ширум светот.

Традиционалниот китлово, кој локалното население го нарекува гриндрадап, се одржува секоја година од јуни до ноември. Се состои во тоа што овие морски цицачи ги доведуваат до заливите или фјордоите каде ги убиваат со долги ножеви.

Во традиционалниот лов на китови секоја година страдаат стотици животни. Денешниот масакар на китови го фотографирал студент од Универзитетот во Кембриџ, 22-годишниот Алистер Вард, а пренесува ВВС.

– Дури и деца учествуваа, рекол запрепастено Вард и изразил загриженост поради начинот на убивање на китовите.

Фарските острови се автономна данска територија со околу 50.000 жители во северниот дел на Атлантикот.

Тагови

Поврзани вести