Забава

Почна да се продава дури и скелет на горгосаурус стар 77 милиони години кој оди на аукција, а може да достигне цена од 8 милиони долари

Скелет на диносаурус горгосаурус ќе биде првпат на аукција и се очекува дека ќе достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави аукциската куќа Сотби. И оваа информација се зема здртаво за готово како нешто најнормално, а всушност се продава скелет на динусаурус?!

Аукциската куќа скелетот на диносаурусот кој е висок три метри и долг 6,7 метри, ќе го стави на продажба на 28 јули. Сотби тврди дека тоа е еден од „највредните диносауруси кои некогаш се појавиле на пазарот“.

Горгосаурусот бил на Земјата пред околу 77 милиони години. Возрасниот мајжак тежел околу два тони, а бил помал по раст од својот роднина тираносаурус рекс.

Палеонтолозите велат дека бил побрз и пожесток од Т-Рекс со посилно каснување. Скелетот бил пронајден покрај реката Џудит во американската држава Монтана во 2018 година.

Ова е првпат Сорби на аукција да стави скелет од цел диносаурус откако во 1997 година го продаде Т-Рексот наречен Су за 8,36 милиони долари.

-Сите останати примероци на горгосаурусот кои се пронајдени се наоѓаат во музеи. Ова е единствен кој може да го купите, па токму затоа е возбудлив момент и за приватните колекционери и за институциит, изјавила за АФП, Касандра Халтон која го води одделението за наука и популарна култура во аукциската куќа.

За разлика од останатите земји, САД не ја ограничува продажбата или извозот на фосили што значи дека скелетот би можел да заврши во странство. Не се споменува кој е сопственикот и како стигнал до него, како и со кое право станал сопственик на вака значаен научен и историски артефакт.

Тагови

Поврзани вести