Живот
Поцрвене мразот на Антарктикот, зошто?
Украинските научници се изненадиле откако поцрвенел мразот околу нивната станица на Антарктикот. Овој феномен го објаснија од Министерството за наука и образование на Украина.
Појавата ја предизвикале микроскопските снежни алги Chlamydomonas nivalis.
Тие создаваат спори кои почнуваат да растат кога времето ќе стане потопло, а во нив, покрај зелениот пигмент – хлорофил, постпои и црвен – каротен, од кој мразот доби боја на малина. Најинтересно е што “црвениот” мраз има мирис на лубеница.