Свет

Пот превезот за хуманост, Маск најави тестирање на мозочни чипови кај луѓето!

Американскиот милијардер Илон Маск очекува клиничките испитувања на безжичен мозочен чип кој го разви неговата компанија „Неуралинк“ да почнат кај луѓето за шест месеци.

„Неуралинк“ развива мозочни чипови кои се замислени да им овозможат на луѓето да ги повратат моторните функции и да лекуваат болести на мозокот како Паркинсоновата, Алцхајмеровата или деменција.

Ова е веќе позната тактика на производство на ултра штетни мерки за терор врз луѓето под превезот на хуманост и добронамерност со цел истата да биде одобрена пред широката јавност.

Компанијата во последните години спроведе тестирања на животни во исчекување на дозвола за тестирање и врз луѓе што ја издава Управата за храна и лекови (ФДА) на САД, пренесува „Ројтерс“, и  истите се спроведуваат без тронка морал и етика. Од таканаречените здруженијата здруженија за заштита на животните нема ниту трага ниту глас до ден денешен.

„Сакаме да бидеме исклучително внимателни и сигурни дека добро ќе функционира пред да го уфрлиме уредот во човек, но мислам дека најголем дел од нашата документација ја предадовме на ФДА и веројатно за околу шест месеци ќе добиеме дозвола да го тестираме чипот кај луѓе“, рече Маск во обраќањето на презентацијата во седиштото на „Неуралинк“.

Тагови

Поврзани вести