Економија
Економската воја: Невидени цени на пченицата, нафтата, бензинот, гасот…сето ова го плаќа народот!
Руско-амерканскиот конфликт ги вжешти светските берзи: цената на гасот е на историски највисоко ниво - 3.600 долари, нафтата достигнува 139 долари, а цените на металите и на пченицата се на рекордно високо ниво. Само во февруари цените на храната скокнаа за една петтина и се највисоки во историјата.
Економската војна помеѓу Америка и Русија доведе до тоа пченицата да е најскапа во изминатите четири години со цена од 360 долари за тон. Еврото ослабе и беше на најниско ниво во последните две години, додека доларот зајакна за 2,3 отсто од минатата недела што укажува дека најголем губитник во ова криза е Европа.
Една унца злато чини речиси 2.000 долари, а цените на сите други метали растат. Ова не е изненадувачки бидејќи Русија покрива 40 отсто од светските потреби за платина, 7 отсто за никел и 6 отсто за алуминиум. Сето тоа се долгорочни договори и санкциите против Русија стануваат се потешки за економијата, а никој не превзема ништо за промена. Последиците од конфликтот вршат притисок врз сите светски берзи, кои бележат хистерична продажба на акции.
Европа
Редовно е снабдувањето на европските потрошувачи со руски гас и нафта. Сепак, берзите експлодираа бидејќи, по САД и некои земји од Европската унија, Јапонија се залага и за санкции против рускиот нафтен сектор. Германија предупредува дека нема брза замена за руската енергија, а е под притисоци за купување на многу поскап гас од САД.
„Веќе неколку месеци федералната влада работи на изнаоѓање алтернатива на руската енергија со партнерите во Европската унија и пошироко. Но, тоа е невозможно да се направи преку ноќ, потенцира Олаф Шолц, германскиот канцелар. Додека зборуваме за посилни санкции, во некои европски земји литар гориво веќе е 2,5 евра.
Русија
Русија кажа дека би можела да го затвори главниот гасовод кон Европа доколку западот навистина воведе ембарго на руската нафта.
„Отфрлувањето на руската нафта би можело да има катастрофални последици за светскиот пазар и да предизвика удвојување на цената на нафтата, до 300 долари за барел“, изјави рускиот вицепремиер Александер Новак.
САД вчера кажаа дека дискутираат со сојузниците за можно ембарго на руската нафта, како дополнителен начин на казнување на Русија. Сепак, Германија и Холандија го отфрлија овој план. Европската Унија добива 40% од гасот и 30% од нафтата од Русија и тешко би можела да најде замена ако дојде до нарушување на испораките.
Македонија
Кога купувате бензин во Македонија дури 43% од износот што го плаќате е давачка кон државата.
Граѓаните од денеска плаќаат за 5,5 денари поскап литар бензин, односно 10 денари повеќе за литар дизел гориво. Оваа одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, во понеделник доцна попладнето, поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи.
Од РКЕ најавуваат дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба.
Согласно новата одлука на РКЕ, од полноќ новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 89,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 91,50 ден/лит.
Новата цена на дизелот е 85,50 ден/лит.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголеми за 6,149 денар/килограм и новата цена е 54,319 ден/кг.
Од РКЕ се правдаат дека цените на нафтените деривати на светските берзи растат над 21 процент.