Свет
Поради климатските промени, сите ќе мора да се иселат од оваа земја
Се проценува дека просечната температура во Судан до 2060 година ќе се зголеми за најмалку 1,1 Целзиусов степен, можеби и за 3,1 степени, а токму климатските промени што ги претрпува земјата се причина за иселувањето на 600.000 лица.
Станува збор за климатски бегалци, израз кој пред само неколку години се чинеше егзотичен. Судан, кој се наоѓа во полусувиот савански екорегион Сахел, беше полн со баобаби и акации. Многу од тие подрачја денес брзо се менуваат во пустини, а пропаѓа и природната разноликост и условите за земјоделство и сточарство.
Земјата која во последните децении доволно патеше од војните, во покраината Дарфур во 2003 година се случи геноцид, сега се справува и со глад поради климата. Од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања проценуваат дека со земјоделство или сточарство наскоро нема да можат да се занимаваат 1,9 милион луѓе, за кои тоа е единствен начин да преживеат. Исто така, вкупно 3,2 милиони луѓе ќе трпат критичен недостиг на вода. Судан денес е 15-тата најнесигурна земја на светот според стабилноста на исхраната на своето население, а во иднина ќе биде уште полошо. Со оглед на тоа дека на климатските промени секогаш се надоврзуваат и опасностите од епидемии, на пописот со болести што му се закануваат на Судан во блиска иднина се маларија, жолта треска и колера.