Живот

ПОПЛАВАТА ВО ВЕНЕЦИЈА ОШТЕТИ ПОЗНАТА ЦРКВА: Базиликата Св.Марко 16 часа била под вода

Поплавата што  ја погоди Венеција во понеделникот сериозно ја оштети базиликата Св. Марко и ја направи 20 години постара.

“За само еден ден, базиликата остари 20 години, а тоа можеби е и оптимистичка оценка”, рече главниот куратор Карло Алберто Тезерин.

Делови од црквата биле под вода 16 часа, со ниво од 90 сантиметри од земјата, што значи дека биле оштетени мермерот, столбовите и бронзените врати.

Од почетокот на милениумот ова е вторпат да се поплавува црквата, односно пет пати во речиси  1.000 години од нејзината историја.

 

 

 

 

Тагови

Поврзани вести