Свет

Полскиот претседател по вторпат заразен со коронавирус, а има примено и трета доза вакцина

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, e позитивен на коронавирус, соопшти денеска неговиот главен помошник за државната новинска агенција ПАП.

„Дуда е во изолација“, додаде тој, а пренесува „Ројтерс“. Да потсетиме, Дуда еднаш веќе прележа Ковид-19 во октомври 2020 година. Дуда (49) е вакциниран против коронавирусот, а примил и бустер доза минатиот месец. Полскиот претседател бил тестиран оваа недела поради случаи меѓу вработени во неговата канцеларија.

Тагови

Поврзани вести