Забава
Полицијата ѝ одзема автомобил на 103-годишна Италијанка поради пребрзо возење
Италијанската полиција ја запре 103-годишната пензионерка Џузепина Молинари во гратчето Бондено на северот на земјата поради возење без возачка дозвола или осигурување. Полицијата ѝ го одземала автомобилот, а госпоѓата рекла дека сега планира да купи мопед за да не ја „изгуби независноста“.
Пензионерката родена во 1920 година возела автомобил доцна во ноќта во центарот на Бондено.
Таа го привлекла вниманието на полицијата затоа што возела пребрзо, околу еден часот по полноќ. Најверојатно ја изгубила ориентацијата, бидејќи неколкупати возела по истата улица.
Според зборовите на Молинари, таа отишла со автомобил да ги посети пријателите.
Кога ја запреле, патролата констатирала дека возачката дозвола ѝ е истечена пред неколку години, а немала ниту документ за осигурување на автомобилот. Поради тоа возилото ѝ било одземено.
Виталната бабичка полицијата ја однела дома.
Молинари сега вози велосипед.