Македонија

Пола Скопје без вода поради дефекти

Без вода денеска ќе бидат дел од улиците „Востаничка“ и „Жванска“, во Кисела Вода, улица „Петар Манџуков“ 183 во Бутел и корисниците од улица 20 во Сарај, Матка, Глумово, Шишево и Грчец.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека прекин на водоснабдувањето на улиците во Кисела Вода ќе има поради уличен дефект ф-2 на улица „Востаничка“ 45 од 09: 30 часот се до завршување на интервенцијата.

Прекин на водоснабдувањето на улица „Петар Манџуков“ 183 во Бутел ќе има поради  дефект на огрлица ф-100. Корисниците ќе бидат без вода од 09: 45 часот се до завршување на активностите.

Корисниците од општина Сарај ќе бидат без вода од 10 часот, поради уличен дефект на ф-300мм на улица 20/бб Сарај.

Тагови

Поврзани вести