Македонија
Пожртвуваност, храброст и секојдневна грижа: Македонските пожарникари се херои на кои се гордееме
Имено, по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, општинските теритотијално противпожарни единици организираат презентација на дел од противпожарната опрема и показни вежби.

Денес е 20 мај – ден на пожарникарството во Република Македонија. На овој датум во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред.
Почетоците на организираното противпожарство на територијата на Република Македонија датираат уште од првата половина на XVIII век. По катастрофалниот пожар на Битолската чаршија, со Повелба од румелискиот валија, на 20 Мај 1836 година, во Македонија се формираат платени служби за гаснење на пожари. Овој ден – 20 мај, по предлог на Противпожарниот сојуз на Македонија, денес се празнува како ден на пожарникарството во Македонија.
Во периодот од 1944 до 1948 година заштитата од пожари била во надлежност на народната војска. Во Март 1951 година, во поранешна Југославија, донесен е Закон за доброволни противпожарни друштва и истата година, на иницијатива на Министерството за внатрешни работи, одржано е оснивачко собрание на Противпожарниот сојуз на Македонија.
Денес, во склоп на Противпожарниот сојуз на Македонија егзистираат 98 доброволни противпожарни друштва, организирани во 39 Општински противпожарни сојузи (ОППС), а според последниот попис на членството во нив активно членуваат 2 600 доброволци.
Противпожарен сојуз на Македонија спроведува мерки и активности за спречување на настанување на пожари, гаснење на пожари и спасување на луѓе, имоти и вредности загрозени со пожари, елементарни непогоди и други несреќи.
Имено, по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, општинските теритотијално противпожарни единици организираат презентација на дел од противпожарната опрема и показни вежби.
Каде граѓаните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со возилата, опремата и подготвеноста на пожарникари низ градовите во државава, како и да проследат показна интервенција.
Редакцијата на КУРИР упатува честитки до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна грижа за безбедноста на граѓаните.



