Македонија
Повторно се тресат Лерин и Битола
Во околината на Битола попладнево повторно имаше земјотрес.
Станува збор за потрес со јачина од 3.1 степени, со епицентар на 18 километри од Битола. ЕМСЦ објави дека земјотресот бил на длабочина од 1 километар.
Во текот на денот повторно имаше земјотреси во Лерин, Егејска Македонија. Од синоќа се тресе и градот Битола.
Поставени шатори и зголемена готовност во Лерин
Министерството за климатска криза во Атина и цивилна заштита е во зголемена готовност по силниот земјотрес во градот Лерин.
Информацијата на Твитер ја соопшти министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис по синоќешниот земјотрес во близина на Лерин, јави дописничката на МИА од Атина.
Има штети на стари објекти, а специјалните единици за справување со катастрофи од противпожарната служба биле во состојба на зголемена готовност во случај да е потребна помош и интервенција. Веќе поставиле мал број шатори доколку некој од граѓаните има потреба. Земјотресот со јачина од 5.3 степени кусо полноќ по локално време е регистриран на два километри од Лерин.