Свет

Повторно напад во училиште во САД, најмалку четири лица загинати и 30 ранети

Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија, јави Си-Ен-Ен. Оваа девијантна појава стана вообичаена во САД, никој не превзема мерки да истражи зашто ова се случива, а со тоа САД станува девијантно општество кое произведува монструми и фрустрирани деца до степен да се осмелат да извршуваат масовни убиства во училиштата.

Некои од повредените луѓе во средното училиште Апалачи во Виндер, не настрадале само од пукањето, туку и од повредите здобиени при бегство. Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека осомничениот е уапсен.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил запознаен со инцидентот и оти владата ќе продолжи да се координира со „федералните, сојузните и локалните функционери“.

Тагови

Поврзани вести