Македонија

Повторно намален водостојот на Охридско езеро

Водостојот на Охридското Езеро е намален за еден сантиметар, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти.

Последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,91 метри повисок од просекот за февруари, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 12 сантиметри кај Охридското и за 1,4 метри кај Преспанското Езеро. Сепак, Преспанското Езеро е за 30 сантиметри над апсолутниот минимум.

Повисоки од просечните за овој месец се и водостоите на сите реки во земјава со исклучок на Црна Река на мерното место кај Р. Б. Мост, иако најчесто бележат намалување.

Тагови

Поврзани вести