Македонија

Повторно гореа контејнери

Комунална хигиена повторно информира дека несовесни граѓани продолжуваат да ги палат пластичните контејнери.

Викендов изгореле 8 контејнери, три со зафатнина 3,2м3 кои се наоѓаа на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит пазар, а целосно изгореле уште четири контејнери. Еден контејнер бил запален во населбата Дебар Маало и целосно изгорел.

„Со ваквото несовесно постапување од страна на граѓаните се загрозува животната средина, но исто така се причинува и голема значителна финансиска штета на ЈП Комунална Хигиена. Апелираме на совесно одлагање на отпадот и искоренување на лошите навики за намерно опожарување на садовите за одлагање комунален отпад“, велат од претпријатието.

Комунална хигиена информира дека опожарените контејнери веднаш се заменети со нови, со цел да не се загрози животната околина.

Тагови

Поврзани вести