Свет
Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван останаа без струја
Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван денеска останаа без струја по ненадејното исклучување на една електрана, јави ДПА.

Погодени беа домаќинствата на целиот островот, вклучително и 490.000 во главниот град Тајпеј. Се известува дека околу 70 отсто од погодените домаќинства веќе повторно имаат струја.