Живот

Побрзо ќе помине ако одлежите: Грешки кои ги правите кога сте настинати

Не се лажете дека сте настинале затоа што сте седеле надвор на ниски температури или пак во просторијата во која што сте биле дувал клима уред.

Исто така, не бидете хипохондрик кој верува дека настинката може да се претвори во грип и за да го спречите тоа мора да ги земате најсилните антибиотици.

Разбиваме 10 митови за настинките поради кои непотребно кревате паника или само потешко заздравувате кога сте настинати:

Мит број 1: Настинката може да прерасне во грип

Еден тип на болест не може да премине во друг. Иако повеќето симптоми се слични, настинката почнува со раздразнето грло, затнување на носот и чувство на постојан студ, додека првите симптоми на грипот се главоболка, болки низ целото тело и општа слабост и омлитавеност на телото.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-01.jpg

Мит број 2: Настинките се лечат со силни антибиотици

Антибиотиците не се борат против вирусите, бидејќи нивната структура е поинаква од онаа на бактериите. Земањето на силни антибиотици кога сте настинати може само да доведе до дополнителен пад на имунитетот.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-02.jpg

Мит број 3: Настинките не може да се лечат

Типично, настинката трае околу 3 дена, но ако се создадат компликации може да трае до 30 дена. Затоа, не ги игнорирајте симптомите, туку консултирајте се со лекар.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-03.jpg

Мит број 4: Настинката не е причина да земете боледување

Многу луѓе се хронично настинати само затоа што одат настинати на работа. Останете дома 1-2 дена, па потоа вратете се на работа. Само така ќе го одморите и излечите телото, а и нема да ги заразите колегите.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-04.jpg

Мит број 5: Кога сте настинати треба само да лежите

Претераното лежење во кревет не е паметна идеја, исто како што и потењето во теретана нема да ви помогне. Кога сте настинати во ред е да мирувате, но не и целосно да ја запоставите работата на телото. Раздвижувајте се со прошетки и лесни вежби.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-05.jpg

Мир број 6: Ладниот воздух предизвикува настинки

Убаво би било да се заштитите со капа, шал и ракавици кога надвор е студено и дува, но ваквите временски услови не се причината зошто сте настинале.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-06.jpg

Мит број 7: Ако ве наврне дожд, сигурно утредента ќе настинете

Мократа коса и облека не можат да ви донесат настинка. Вистина е дека чувството на студ може да го ослаби телото и да го направи подложно на вируси, но ако ве наврне дожд тоа не е еднакво со настинка.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-07.jpg

Мит број 8: Може да се разболите само еднаш во сезоната

Имаме добра и лоша вест. Добрата вест е што кога организмот еднаш ќе се избори со одреден вирус, може да стане имун на него. Но, лоша вест е што има повеќе од 200 типови вируси, па така може да се разболите повеќе од еднаш во сезоната.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-08.jpg

Мит број 9: Настинката може да се излечи за еден ден

„Бомбардирањето“ на организмот со витамини и апчиња против настинка може да биде сериозно штетно за здравјето. Не ги пречекорувајте дозволените дневни количини, доколку не сакате да си создадете поголеми проблеми.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-09.jpg

Мит број 10: Мора да чекате да поминат сите симптоми

Кашлицата и затнатиот нос може да траат до 4 недели, но тоа не значи дека толку време треба да седите затворени дома. Ако чувствувате дека сте физички способни за да се вратите на нормалното темпо, направете го тоа.

pobrzo-ke-pomine-ako-odlezite-greski-koi-gi-pravite-koga-ste-nastinati-10.jpg

Тагови

Поврзани вести