Македонија

Пловилата во Охрид ќе мора да имаат еколошки мотори

На Охридското и другите езера во земјата наскоро нема да можат да пловат пловни објекти од увоз чии мотори не ги задоволуваат еколошките стандарди согласно европските регулативи, најави Капетанијата на пристаништа. Старите пловни објекти кои се уредно регистрирани и натаму ќе можат да пловат, додека увозот на половните пловила ќе биде лимитиран, појаснуваат од Капетанијата.

Засега не постои лимит на пловни објекти на Охридското Езеро, каде бројот на кајчиња, катамарани и бродови за комерцијална употреба забрзано расте. Во моментов се градат три нови брода, а старите и руинирани пристаништа во Охрид и Св. Наум немаат капацитет за целата бродска флота. Снемува и простор за паркинг и на останатите пловни објекти кога не се во пловидба.

Иако ја ветуваа сите влади и локални самоуправи до сега, долго најавуваната марина на Охридското Езеро, се уште е во фаза на планирање и избор на локација. Од Капетанијата на пристаништата информираат дека постои готов проект за изградба на марина кој е пратен на разгледување во Министерството за живона средина и е предмет на научни анализи. Додека се чека негово одобрување, Капетанијата ќе го зголемува капацитетот на пристаништата во Охрид и Св. Наум со продлабочување, но по завршување на шпицот на туристичката сезона во септември, кога водостојот на Охридското Езеро е најнизок.

Тагови

Поврзани вести