Живот

Планините се важно природно богатство

11 декември е Светски ден на планините, прогласен од страна на ОН во 2003. година. Денот треба да ја подигне свеста за проблемите на планинските предели и да укаже на начините на кои може да се профитира од нив.

Планинските региони оставаат впечаток не само со своите прекрасни пејзажи, туку претставуваат природен капитал и средина за важни еколошки системи. Тие особено сензитивно реагираат на последиците од промената на климата. Еден од најважните планински региони во Европа се Алпите. Температурите таму растат побрзо од просекот во светот, со катастрофални последици за флората и животот на луѓето и животните. Оттаму, овој регион се смета за систем за рано предупредување од климатските промени и природна лабораторија за мерките за прилагодување кон изменетата клима.

Тагови

Поврзани вести