Свет
Пилот влетал во срцето на моќната олуја, никогаш не доживеал нешто вакво
Иако Мајкл е еден од најсилните урагани кои ги погодиле САД, постојат луѓе кои не се плашат да влезат очи во очи со опасностите кои оваа непогода ги носи.
Членовите на 53-тата Метеоролошка извидничка ескадрила летала директно во окото на ураганот во перидот кога тој, пред два дена, беснеел на Флорида.
Таканаречените ловци на олуји неколку дена гледале како олујата се претвора во силен ураган. Нивната задача е да го истражат и средиштето на олујата, за Државниот центар за урагани да ја подобри точноста на своите прогнози.
“Имавме проблеми при првиот влез во олујата обидувајќи се да го најдеме нејзиниот центар, бидејќи “окото” беше кружно и долго околу 50 километри”, навеле тие. Набрзо олујата почнала да се засилува.
Пратиле податоци во Центарот и гледале како олујата преминува од категорија 1 во 2.
“Ловците на олуји” се единствено државно одделение кое со летови ги истражува временските прилики во текот на сезоната на урагани. Благодарение на нив, Центарот може да ги предупреди граѓаните на урагани и на сите опасности кои доаѓаат со тоа. Овој пат, вкупно извеле 9 летови во ураганот Мајкл.
Еден од пилотите рекол дека во истражувањето на Мајкл доживеал најлоши турбуленции во животот, а во текот на кариерата летал низ 4 различни урагани.
Иако метеоролозите доста технички напредувале во следењето на олујата, предвидувањето на нивната јачина и натаму е неблагодарна работа.
“Ова беше многу моќна олуја. Не се случува често толку да се засили кога ќе дојде до самото копно”, рекол пилотот Шон Крос.
Ураганот Мајкл направил голема штета на Флорида, но се смета дека уште ништо не е готово.