Вести
ПЕТ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ
Еколошки организации во 5 балкански земји ќе одржат заеднички протест против загадениот воздух на 28-ми февруари.
Граѓаните во 9 града од Западен Балкан ќе излезат на улиците во солидарност во борбата против загадувањето.
Скопје, Белград, Приштина, Призрен, Подуево, Подгорица, Сараево, Зеница и Бања Лука се подеднакво погодени од загадувањето и сега се „наши браќа и сестри во оваа кауза“, велат организаторите.
Тие ги повикуваат граѓаните во овие земји да застанат против одлуките на владите и политиките што овозможуваат загадување на воздухот.
„Балканот сака чист воздух!“, велат организаторите.