Забава

Патувањето со авион ќе станува се понеудобно

Американската федерална управа за воздухопловство одби да реагира по тужбата на организацијата за заштита на потрошувачите Флаерс Рајтс и да го спречи постојаното намалување на седиштата во авионите.

Уште пред неколку месеци организацијата Флаерс Рајтс поднесе тужба во која наведува дека авиокомпаниите поради профит во кабините додаваат повеќе седишта, а постоечките ги намалуваат. Ваквиот тренд, како што пренесе порталот Банкар.ме, ги загрозува процедурите за сигурна евакуација во случај на опасност за патниците.

Федералната управа во одговорот на судскиот налог навела дека не пронашле ниту еден доказ дека намалувањето на седиштата влијае на непосредна опасност поради која треба да се носат нови закони, како и дека намалените седишта никако не влијаат на евакуацијата во случај на опасност. Тие додаваат дека за успешна евакуација најважна е вратата за излез, а не величината на седиштата.

Инаку, производителите на авиони пред одобрување на секој нов модел имаат обврска да докажат дека патниците во авионот може успешно да се евакуираат за 90 секинди.

Тагови

Поврзани вести