Вести

Патиштата во земјава личат на мини депонии

Додека се вози по македонските патишта природните убавини на нашата земја паѓаат во сенка од ѓубрето.

На патарината кај Тетово кон Скопје наместо зеленило, ве пречекуваат пластични шишиња, кеси и разен отпад.

Сликата кај обиколницата, пак, е уште позастрашувачка.

Земјени површини со мини депонии, купчиња смет кои стојат на истото место со месеци и кои само се зголемуваат е првата слика која се добива кога се влегува во главниот град. За одговорноста се уште молк.

За одржување на хигиената на патиштата е одговорно претпријатието Македонија пат.

Оттаму за Канал 5 велат дека официјално имаат ингеренции, но не редовни, што значи дека нема претпријатие што секојдневно го собира сметот покрај автопатиштата.

Свесни за катастрофалната состојба, додаваат дека досега имало повеќе еко-акции со повеќе претпријатија за чистење на патиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10.

Сепак, сликата на терен е сосема спротивна.

Во меѓувреме, граѓаните алармираат за катастрофално лошата хигиена на патиштата и бараат од институциите поголеми заложби и трајно решавање на овој проблем.

Тагови

Поврзани вести