Македонија
Охрид преплавен од отпад и градежен шут
Охрид се дави во отпад и градежен шут. Честопати сметот завршува во или на брегот на Охридското езеро, но и во националниот парк Галичица. Поради немоќта на државата да се справи со овој проблем, група охриѓани организирани во неформална иницијатива најмалку еднаш во неделата се организираат и доброволно ги чистат дивите депонии. Деновиве го чистеа подножјето на Галичица.
Иницијативата засега ја поддржуваат доволен број активисти. Сами набавуваат опрема за собирање на отпад, па дури и камион.
Екологистите апелираат градот да обезбеди лесно достапна депонија за кабаст отпад каде граѓаните по пристапни цени би го депонирале отпадот. Од општина Охрид пак, велат дека проблемот ќе пробаат да го решат преку поставување на видео-надзор на повеќе локации кои се таргетирани како критични низ градот и околината.