Македонија
Охрид може да го изгуби статусот на УНЕСКО

Ќе се протурка ли со новиот закон за легализација на дивоградбите и долгооспоруваниот хотел во Лагадин? Објектот кој од почеток е дивоградба за неколку ресорни комисии, граѓански здруженија и екологисти сега добива сериозни шанси да стане легална градба. Изградбата на хотелот прекршува 12 закони, а Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.
Неговото постоење се коси со принципите на УНЕСКО кое инсистира на целосен прекин на дивоградбите, зашто статистиката покажува дека Охрид со вкупно 68 дивоградби е на првото место во државата. Со легализацијата сега се отвора прашање за опстанокот на Охрид под оваа светска организација!?