Македонија

Охридското Езеро на 3 сантиметри до природниот минимум

Осцилациите на Охридското Езеро, се се’ почести изминатата декада, а промените во литоралот исто така се  се’ поочигледни.

Според најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи направени утрово, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,13 метри надморска височина. Тоа е 4 сантиметри под утврдената кота со Билатералниот договор со Албанија (693,17 м.н.в.) и само 3 сантиметри над природниот минимум кој изнесува 693,10 м.н.в.

Хидролошката состојба оваа година е исклучително неповолна. Неодамна, пак, се изврши чистење на наносите од песок на испустот на реката Црн Дрим во Струга, кога тој беше максимално отворен.

Охридското Езеро, иако е заштитено со закон и претставува светско природно наследство заштитено од УНЕСКО, со децении се третира како акумулација, а најспорна е регулацијата на истекот во реката Дрим по чие течение на македонска и албанска страна има повеќе хидроцентрали. Таа не е ревидирана, ниту модернизирана, иако хидролошките и климатски услови денес, значително се разликуваат од времето кога Македонија и Албанија ги договарале правилата за користење на водните ресурси од најголемиот природен басен со питка вода во овој дел од Европа.

Тагови

Поврзани вести