Македонија

Охридското Езеро два сантиметри под минималната кота

Хидролошката состојба на Охридското Езеро и натаму е неповолна.

Обилните врнежи од дожд изминатото деноноќие не ја подобрија значително состојбата на најголемото природно езеро во земјата, кое според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на кота 693,15 м.н.в., што е два сантиметри под минимумот утврден со Билатералниот договор со Албанија, кој изнесува 693,17 м.н.в.

Денес и утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на температурата. Денеска максималната дневна температура ќе се искачи до 21 степен, а утре само до 18 степени Целзиусови.

Тагови

Поврзани вести