Македонија
Отпушоци од цигари, хартии, шишиња, остатоци од храна – се може да се најде на улиците во градот
И покрај тоа што постојано на различни локации низ Скопје, постојано се поставуваат нови корпи за оптадоци, сепак не е доволно. Дел од нив се оштетуваат од страна на несовесните граѓани, а дел од оние кои ги има и не се користат.
Отпушоци од цигари, хартии, шишиња, остатоци од храна. Се може да се најде на улиците во метрополата. Лошите навики да се фрла отпад и смет кај што ќе се стигне тешко се искоренуваат, а тоа постојано го гледаме во Скопје.
Иако неколкупати се посочува на овие лоши навики, не се забележува некоја поголема промена, па наместо да критикуваме како Скопје не е чист град, најдобро е секој да тргне од самиот себе. Да внимаваме каде фрламе отпад, па и нашето Скопје после лесно ќе заличи на еколошки град. Затоа, ѓубрето в рака и побарајте корпа!