Свет

Откриен е тајниот тунел под Дунав за кој се раскажува во легендите

Група истражувачи предводени од архитектот Воислав Девиќ откриле таен тунел лоциран на 9 метри под Дунав, кој ги поврзува тврдината и центарот на градот. Легендата за тунелот на тврдината Петроварадин се прераскажува меѓу жителите на Нови Сад со децении, но никој не знае дали овие приказни се точни.

Архитектот Воислав Девиќ започнал со истражување пред неколку години за наоѓање тунел под тврдината Петроварадин, кој според неговите тврдења ги поврзувал обете страни на Дунав. Желбата за тој потфат му се појавила уште во раната младост, кога неговата роднина Богојевац Дренка му раскажала дека за брачниот пат кој поминал низ тунелот во далечната1913 година.

„Утврдивме пред една и пол година дека под дното на Дунав, помеѓу 8 и 9 метри, има праволиниска конструкција токму на местото за кое зборуваше Богојевац Дренка, а тоа е наводно легенда за која сите зборуваат и никој никогаш не мрднал со прст за да го докаже тоа или пак да го побие“, вели Воислав Девиќ.

Девиќ верува дека на крајот на Првата светска вojна, последниот австро-унгарски генерал добил наредба да ги блokира сите влезови и излези на тунелот, пред српската вojcка да влезе во зградата. Еден од влезовите се наоѓал на неколку метри од Споменикот на жpтвитe од рaцијата, а другиот во криптата под црквата Свети Ѓорѓи, пренесува РТВ.

„Архивата не кажува ништо затоа што знаеме само дека имаше само два плана што зборуваа за тој тунел. Едниот е во архивите во Виена и не може да се најде. Имаше неколку планови, делови од тврдината кои беа поделени од разни команданти кои го брaнеа нивниот сектор, а врховниот командант на одбраната на тврдината беше тој што ја имаше таа друга мапа што беше испишана, а таа друга мапа исчезна со потопување на Титаник, таа отиде во една изложба во Њујорк “, потврди Девиќ.

Врз основа на истражувањето на сонарите на Дунав, во моментов се развива 3Д-модел на тунелот , што може да биде клучен доказ за неговото постоење, а по неговата реконструкција, ќе се создаде голема туристичка атракција.

Тагови

Поврзани вести