Природа
На Антарктикот е откриено ново морско суштество со 20 пипалa
Океаните се преполни со нерешени мистерии и необични суштества суштества кои изгледаат како да се излезени од некој научнo фантастичен филм. Затоа, можеби и не е толку шокантно штотуку откриеното суштество кое се крие во длабочините на мистериозниот окен.

Суштеството кое е пронајдено, во близина на Антартикот, помеѓу 66 и 1.170 метри под површината на морето, има 20 пипала кои се покриени со нешто што личи на пердуви. На другата страна има пипала со мали канџи на крајот, кои му помагаат да се фати за морското дно. Тимот научници кои откриле за постоењето на ова чудно суштество забележале и дека тоа може да варира во бојата, од „виолетова“ до „темно црвеникава“.
Научникот Грег Роуз, професор по морска биологија на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, кој е коавтор на труд за новиот вид, за Business Insidert изјавил дека ова необично суштество го добило името Јагода и дека идејата за тоа име во голема мера доаѓа поради неговиот облик кој потсетува на овошјето.
Формалното име на новооткриениот вид е Promachocrinus fragarius. Се вбројува во семејството Crinoidea, кое вклучува морски ѕвезди, морски ежови и морски краставици. Новооткриеното морско суштество претставува вид на арктичка пердувеста ѕвезда.
Уште една интересна информација, според Роуз и неговите колеги истражувачи Емили Меклафлин и Нерид Вилсон, кои ги објавија своите наоди во Invertebrate Systematics, е фактот дека делот од називот „fragarius“ потекнува од латинскиот збор „fragum“, што значи јагода
Новиот вид ѕвезда може да живее на длабочина од 20 метри до 2 километри под површината на океанот. Севкупно, научниците досега успеале да откријат четири единствени видови на арктички морски животни кои никогаш претходно не биле опишани, но всушност може да ги има многу повеќе.
.jpg?resize=528%2C344&ssl=1)